Без победник (2-2) заврши пресметката помеѓу Виљареал и Реал Мадрид која означи почеток на возбудувањата во втората полусезона во шпанската Ла Лига.
Радост на „кралевите“ спречи Санти Кацорла кој погоди за егал во 82-та минута. За Кацорла изедначувачкиот погодок беше втор откако погоди и за водство 1-0. Измеѓу головите на Кацорла за Реал Мадрид прецизни беа Карим Бензема и Рафа Варан.
Реал Мадрид со бодот од дуелот со Виљареал стигна до 30-от сезонава и има негатива седум поени во однос на Барселона која е лидер на табелата.
OhridNews