Вежбањето е еден од сегментите на здравиот живот кој мораме да го усвоиме што порано во животот за да го зачуваме и мозокот.
Физички активните деца имаат подобри резултати на тестирањата за читање и јазични способности, објавиле истражувачите од Универзитетот Илиноис.
Американските научници воочиле разлики во функцијата на мозокот зависно од физичката форма на децата, па така утврдено е дека физички активните деца во однос на физички помалку активните врсници подобро ги користат достапните мозочни ресурси поврзани со когнитивните процеси.
Активноста на мозокот во студијата е мерена со помош на електроди, пишува стручното списание Brain and Cognition.
Истражувачите се сосредоточиле на мозочните бранови поврзани со препознавање на зборовите и граматиката, а во следната фаза на студијата имаат за цел да ја проучат врската помеѓу физичките активности и останатите аспекти на функциите на мозокот.
извор:metro-portal.hr