Целулитот ја погаѓа речиси секоја жена во некој момент од животот, и поради тоа некои жени избегнуваат да облечат кратки панталони, здолниште или бикини.
Целулитот, барем така се верувало, е поврзан со прекумерна тежина, но науката покажала дека на неговата појава влијаат гените. Доказ за тоа е појавата на целулит кај слабите жени, пишува ББС.
Меѓутоа, поради мислењето дека целулитот е поврзан со дебелината, многу од жените се на диета.
“Најголемиот проблем со диетите е тоа дека телото се учи на помалку калории“, изјавила Валери Боенстром, основач на синџир на фитнес клубови во Берлин.
“Откако жените ќе ја прекинат диетата и ќе почнат да јадат нормално, дополнителните калории се таложат како масти“,изјавила.
Таа советува редовно вежбање, особено кога жената е на диета.“Без вежбање, се намалуваат мускулите и мастите. Тој ефект го зголемува целулитот бидејќи мускулите даваат тонус“, рекла Боенстром.
извор:metro-portal.hr