Ако во животот сакате да бидете со добра волја и да имате повеќе концентрација, научниците предлагаат на работа да одите пеш, со велосипед или со јавен превоз.

Придобивките од пешачењето или возењето велосипед веќе се добро познати за физичкото здравје, а нова студија укажува на користа за менталното здравје, бидејќи работниците кои на работа одат пеш или со велосипед постигнуваат подобра концентрација и поголем степен на задоволство, покажало истражување на Универзитетот Ист Англија.

Откако претходните истражувања дале конфликтни резултати, оваа студија која 18 години следела 18 илјади луѓе дала финален одговор на вечното прашање – како да одите на работа за да бидете задоволни со животот?

Можеби тој дел од работата не изгледа толку важен, но ако стигнете задоволни и концентрирани, сигурно работата ќе ја завршите како што треба и на време, па ќе си одите и дома на време, без потреба од прекувремено останување на работа.

Дури и јавниот превоз се покажал подобар од седењето во автомобил во утринската гужва – возењето со автобус нема толку лошо влијание врз расположението и менталната состојба како возењето со автомобил.

извор:metro-portal.hr