Аеробните вежби имаат многу позитивни ефекти на развојот на детскиот мозок, потврдило истражување на американски научници.
Физички активните деца имаат повеќе бела мозочна материја која е клучна за вниманието и меморијата, велат научниците од Универзитетот Илиноис, додавајќи дека аеробното вежбање има позитивни ефекти на когнитивните способности на децата.
Во следната фаза на 5-годишната студија научниците ќе се сосредоточат на врската помеѓу зголемувањето на волуменот на белата мозочна материја и подобрувањето на училишните оценки, и коефициентот на интелегенција на децата.
Претходните истражувања веќе ја поврзале физичката активност на децата со подобри резултати на стандардизираните тестирања на јазични способности и математика, додаваат од стручното списание Frontiers in Human Neuroscience.
извор:metro-portal.hr