Иако никој не очекува вистински напад од зомби, универзитетот во Гејншвилд, Флорида сака да биде спремен во случај на напад од живи мртовци. Оваа вежба била изведена заедно со оние кои се предвидуваат во случај на ураган и пандемија. Во вежбата пишувало како да се однесуваат студентите доколку нападнат суштества кои јадат човечко месо.
Претставник на универзитетот објаснил дека планот а борба против зомби го напишал еден од службениците во одделението за технологија. Тој тоа го сторил за да внесе малку забава во сериозните дискусии за вистинските катастрофи.