Ултимет фајт борбите привлекуваат големо внимание и често се најгледани спортски настани во светот, но борците во рингот, особено женските натпреварувачки се жалат на мала заработувачка, која е неопходна да се одржи ритамот на тренинг, начин на живот, исхраната и друго.

Гласот против целата организација прва го крена Пејџ ван Зант, која е категорична дека нема да го обнови договорот со УФЦ. Таа во јавноста излезе со прецизни борјки и рече дека повеќе заработува од објавите на социјалните мрежи, отколку од борбите во УФЦ.

Земам 46 000 долари да се појавам во рингот, а исто толку земам за победа. Нема да кријам, можеби ќе ги разочарам моите фанови, но јас повеќе не се гледам во УФЦ. Имам понуди многу поголеми од Инстаграм, а можам да кажам дека повеќе заработив од учеството во „Танцот со ѕвездите“ отколку во УФЦ. Таа е тажна реалност. Јас не можам повеќе сето ова да го издржам и се повлекувам. – изјави Ван Зант.

Ван Зант шест години беше една од најдобрите во УФЦ борбите. Таа од УФЦ борбите ќе се прости на 11 јули кога ќе ги одмери силите со Аманда Рибас во АБУ Даби.

OhridNews