Активистот и познатиот јутјубер од Охрид Вик Какаротски, синоќа на својот YouTube канал го промовираше официјалниот видео спот за неговата авторска песна „Ах, тие очи зелени“, кое за само неколку часа е прегледано над 10.000 пати.
Комплетниот аранжман, текст, микс и мастеринг на песната е на Вик Какаротски.
Оваа песна е графичко и аудио претставување на животот на македонската а и балканска естрада од период 80-90-00, а богами ид 2010-ти и 2020-ти на некои места во државичкава… На видеото е претставен млад надежен перспективен уметник како преку евтини трикови бара спас надвор од Македонија, или „Иселеничка песма“. Тој вечно ќе тагува за убавините на Македонија која секогаш му дава инспирација за нова уметност … – И кога ќе се врати во Македонија, го очекува истото што го снајде ова видео или „Џвакање на видео касетата“. – вели Вик, посочувајќи дека за видеото добил инспирација од локалната телевизија „Морис“.
На видео спотот кој се снимаше деновиве во Охрид работеа Даниел Јовески, Стојан Стојаноски и младите креативци од Охрид Анамарија Момироска, Стефан Стојкоски и Петар Силјаноски.
OhridNews