Во селото Годивје, општина Дебрца, денеска се одржа манифестацијата “Гомлезијада” на која присуствуваа голем број жители, гости – роднокрајци, иселеници кои се тука за време на летните одмори, но и странски туристи, кои слушнале за настанот па дошле да го посетат.

Вевчанката Лида Даскалоска го направи најубавото ѓомлезе за што беше наградена со 10 000 денари. Ратка Крстаноска од Ботун, за освоеното второ место, доби парична награда од 7 000 денари а, за третата наградана Родна Трајческа доби 3.000 денари.

Забавата беше збогатена со настапи на фолклорни ансамбли од земјата и странство.

Денеска завршија и активностите од 34-та, по ред, Ликовна колонија “Дебрца – 2018”, чии учесници, за крај, создаваа дела на кладенците во селото Црвена Вода, а потоа им се придружија на славениците во селото Годивје, заедно со градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Фото галерија:

OhridNews
инфо и фото: Веле Митаноски