Големата хеликоптерска несреќа во која загинаа единсесет војници на АРМ го потресе и Вевчани. Градските власти најавија дека Вевчани на достоинствен начин ќе им одаде почит на загинатите војници, а карневалот кој 14 века се случува на Василица ќе се одржи.
„Вечерва ќе се состане организацискиот одбор и ќе изнајдеме начин како да им оддадеме почит на загинатите војници“, изјави за Ohridnews, градоначалникот на Вевчани, Васил Радиноски.
Вевчанскиот карневал не е манифестација која може да се откаже или пролонгира. Тоа е исто како да го одложите доаѓањето на Божиќ, а тоа не е можно. Вевчанци како и многу пати до сега кога имало смртни случаи или несреќи на овој датум наоѓале начин да им оддадат почит на починатите, така ќе биде и овој пат, вели Радиноски. Во досегашната многу вековна традиција Вевчанскиот карневал никогаш не бил откажан.
Горан Момироски