Општина Вевчани почна со акција за заловување и хуман третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани кучиња кои се на јавни површини.

Градоначалникот Спасе Кочовски информира дека заловувањето го врши ветеринарна амбуланта од Македонски Брод, која располага со соодветна опрема и услови за хуман третман на кучињата, по што повторно ќе бидат вратени во Вевчани.

Целта на акцијата е безбедно движење низ вевчанските улици. Иако во Вевчани нема многу кучиња скитници, по реакција на жители, веднаш пристапивме со нивно заловување. Доколку има потреба и во иднина ќе обезбедат хуман третман на кучињата скитници, вели Кочовски.

Воедно, апелира до сопствениците на миленици, своите кучиња да ги чуваат во сопствените дворови.

Инаку, за заловување и хуман третман на кучињата скитници Општина Вевчани издвоила околу 100.000 денари.

OhridNews