Вевчани денеска ќе биде центарот на светот. Василичарите утрово започнаа да се „загреваат“ со варена ракија и вино и ги извадија маските кои ќе продефилираат низ горна и долна маала.
„За нас студот не претставува проблем се загреваме дојдовме утрово околу 8 часот со варена ракија колбасици, а и сите денови додека ги правевме маските ние се загреваме“, ни изјави Ѓорѓи Парталоски, портпарол на василичарското друштво„Сиви дом“.
Подготвени за карневалот-Ѓорѓи Парталоски
Во него членуваат 15 другари кои заеднички се подготвуваат за карневалот веќе дваесета година. Тие еден месец секојдневнио се собираат во куќата на еден од членовите на друштвото каде тајно работеа на изработка на василичарските маски.
„Традиција е да не се знаат маските до последниот ден додека не излезиме. Ние сме оваа година заробеници на злото, една маска која е колку комична, толку е и страшна“, ни објаснува Парталоски.
Маските денеска се вадат надвор
Оваа тајфа е позната по автентичните маски, а нивната креација со канибалистите од пред две години го обиколи светот и беше фотографија на годинат во два печатени медиуми во Франција и Чешка.
Г. Момироски