Вевчани повторно се пласира во престижната група на 100 најуспешни зелени дестинации во светот од повеќе од 200 апликанти кои развиваат и практикуваат одржлив туризам на повисоко ниво.

Оваа година, дестинацијата известуваше според 15 основни и 15 дополнителни критериуми, со што се искачи на повисоко ниво во процесот на сертификација. Ваквите признанија се плод на посветената работа на општината, соработката со угостителите во Вевчани, како и со сите граѓански организации и локални жители кои со своето дејствување допринесуваат кон поубаво Вевчани, со што општината е една од најпосакуваните дестинации во Македонија, информира градоначалникот на Општина вевчани, Спасе Кочовски.

Во изборот за 2024 година Општина Вевчани беше вклучена со проектот „Вевчани зелено – Патување низ природата“.

Вевчани беше дел од престижната листа на најдобрите топ 100 приказни за зелени дестинации и во 2022 година, со проектот за развој на одржлив туризам „Vevcani Green”.

OhridNews