По презентацијата на селото и манифестацијата, поздравни говори одржаа и претставници на Агенцијата за поддршка на туризмот, од туристичката комора на Македонија како и претставници од Владата.
Градоначалникот Радиноски вечерва ги понуди домашните но и меѓународните гости со чај и топла ракија.
Утре, на првиот карневалски ден во 13 часот пред платото на вевчанската општина ќе биде приреден свечен коктел, а час и половина подоцна манифестацијата ќе ја поздрави претставник од министерството за култура.
Забавата од 20 до 24 часот ќе биде збогатена со музиката на групата „Леб и сол“, поп пејачката Дани и фолк пејачот Благоја Грујовски.
На 14-ти јауари, во два часот по полноќ, василичарската невеста ќе полни вода од изворите.
Ohridnews