Црногорска соба која е опремена со автентични експонати и предмети кои го претставуваат идентитетот, културата и традицијата на Црна Гора, ќе биде отворена денеска во ресторанот „Виа Игнација“ во Вевчани.

Црногорската соба ќе ја отвори министерот за надворешни работи на Црна Гора, проф. др. Срѓан Дармановиќ.

Настанот ќе биде збогатен со културно-уметничка програма.

OhridNews