Отворениот вевчански театар и оваа година на оригинален и сатиричен начин го прикажа нашето секојдневие. Маскираните групи од долна и горна маала го започнаа карневалското дефиле кое според традицијата ќе трае до доцна во ноќта.
Покрај традиционалните маски “Зетот и невестата“, “Глупиот Август“ и “Музичарите“, ги видовме Иснифарис и неговите овци (вистински овци), „Адам и Ева“ во експлицитни пози, „Очајните домаќинки“, урбаната мафија, Нишка “ебархија“, а свое провокативно видување вевчанци имаа и на грчко-македонскиот спор за името.
Според традицијата василичарите вечерва ќе посетат домовите на вевчанци, а карневалот завршува утре со оро сред село. На карневалот има 70-на гости учесници од повеќе европски земји, а австрискан продуклциска куќа снима документарец за Вевчани. Никој точно не знае од кога датира овој во суштина пагански обичај. Се претпоставува дека е стар 14 века, колку и самото Вевчани.
Г. Момироски
С. Костоски
Ј. Момироска