Повторно се јавува проблем со пожарот во селото Косел, Охридско, информира Центарот за управување со кризи – ЦУК.
Поради јакиот ветер истиот и покрај тоа што имаат 100 гасначи распоредени на просторот им избегал од контрола и повторно се реактивирал, соопшти ЦУК.
На терен се екипи на противпожарната единица од Охрид, Национални шуми, јавни претпријатија и доброволци. Воздухопловите кои вчера активно беа вклучени во гаснењето се повлечени на други локации и доколку биде потребно повторно ќе биде побарано нивно активирање.
Г.М.