Ветрот кој денеска силно дува во Охрид повторно им предизвика проблеми на комуналните служби, но и на возачите. Празните пластични контејнери кои се лесни, ветрот ги одува на коловоз на булеварот „Туристичка“, а еден заврши во паркирано патничко возила.
По извесно време контејнерот беше вратен на место.
Сличен проблем имаше и неодамна и повторно на булеварот „Туристичка“.
По се изгледа надлежните служби ќе треба да изнајдат ефикасно решение за да се спречат слични инциденти во иднина, кои може да предизвикаат сообраќајни незгоди.
OhridNews