Професионалната територијална противпоижарна единица во Охрид деновиве има полни раце работа. Снегот, ниските температури, а од вчера и силниот јужен ветар им задаваат глаболки на охриѓани и пожарникарите. Поради временските (не)прилики често се палат оџаци, а ветрот кој и денеска интензивно дува во Охрид, предизвикува дополнителни проблеми.
Попладнево пожарникарите интервенираа во куќа во густо населено и тешко пристапно подрачје покрај градскиот кеј. На пожарникарите кои мака мачат да стигнат со потребната опрема до местото каде се запалил оџак од куќа, им асистира полицијата.
Зимата е на прагот, а грејната сезона во полн ек, со што расте опасноста од настанување пожари, поради што е потребна исклучителна внимателност со цел да се избегнат несакани последици.
Г.М.