Деновиве се одбележа Светскиот ден на водите, при што уште еднаш беше нагласена важноста од заштитата на природните басени со питка вода. Иако Охридското Езеро се смета за најголем басен со питка вода во Европа, грижата кон него ни од далеку не е на потребното ниво.


За жал сеуште има  несовесни граѓани кои езерото го користат како депонија. Но, она што човекот го фрла, езерото ни го враќа назад. Така беше и вчера кога ветрот уште еднаш ни го „исчисти“ езерото од најразличен отпад што бил фрлен во него. Ваквата грда слика се повторува секогаш кога дува југ.


Пред некоја година охридските нуркачи го исчистија крајбрежјето во центарот од каде беа извадени стотици килограми најразличен цврст отпад, но очигледно е потребна поголема грижа од сите, затоа што Охридското Езеро не заслужува да биде депонија.

Ohridnews