Жестока битка се води помеѓу групата маратонци во водите на Охридското езеро кои се дел од 29-то издание на Охридскиот пливачки маратон.


Јатото пливачи кај хотел Гранит го предводи германскиот маратонец Александар Студински кој го презеде водството од Евгениј Поп Ацев.

Ветрот, струењето во водата и заморот кој полека ги стигнува маратонците се најголеми противници сега на маратонот во Охрид.

Во групата пливачи се наоѓаат и македонските маратонци Томи Стефаноски и Евгениј Поп Ацев додека останатите двајца заостануваат од водечките.

Маратонците на целта на градското пристаниште се очекува да стигнат околу 18 часот.

Евгениј Поп Ацев предводник на јатото пливачи кај хотел Десарет

Македонската четворка дел од водечката група кај Трпејца

Стартуваше 29-от Охридски пливачки маратон

Ohridnews