Водечката екипа во шпанската Ла Лига, Барселона не смее да купува фудбалери од Ливерпул, откако клубот од Енфилд стави вето за трансфери на Ноу Камп.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, во клаузулата во договорот во трансферот на Филипе Кутињо вреден 142 милиони фунти, вклучена била посебна ставка која на Барселона и забранува купување на фудбалери од Енфилд до 2021 година.

Рака на срце, Кутињо не ги оправда очекувањата и финансиите потрошени за него, но каталонци добро се офајдија од трансферот на Луис Суарез, кој за 80 милиони фунти се пресели од Англија во Шпанија.

Гигантите во шпанскиот фудбал, Барселона и Реал Мадрид најчесто екипите ги засилуваат од англиските премиерлигаши, кои се најблиску до квалитетот на каталонците односно „кралевите“.

OhridNews