Осуммесечниот британски принц Џорџ, заедно со родителите војводата и војвотката од Кембриџ допатува на Нов Зеланд, во прва официјална посета надвор од Велика Британија. Кејт излегувајќи од авионот „Ер форс 757“ едвај успевала да го задржи црвениот фустан и шеширот на главата, а ветерот во еден момент открил повеќе отколку што треба.

Малиот Џорџ, кого го држела во рацете, бил лесно облечен, во пантолончиња и бел џемпер. Очигледно парот не очекувал дожд со ладниот и силен ветер во Велингтон. За време на турнејата по Австралија и Нов Зеланд која ќе трае три седмици, принцот Џорџ, трет во редот за наследство на британската круна, нема да присуствува на сите настани, додека неговите родители ќе учествуваат во трка со јахти, ќе посетат маорско село, рагби стадион и лозје, како и многу други места и манифестации.