Охридските атлетичари имаа успешен настап на Државното првенство кое се одржа на 5 јуни во Охрид освојувајќи вкупно 16 медали.
Атлетичарите на Охрид освоија пет златни, четири сребрени и седум бронзени одличја што ги направија најдобри на Државното првенство.
За издвојување од собирот на најдобрите атлетичари во Охрид е првото место и израмнувањето на рекордот (7.15) во скок во далечина на Славчо Мирчевски.
Најголемо внимание привлече поништениот рекорд на Мартина Мироска во истата дисциплина која скокна 5.85, но поради недозволен ветар (2.2) нејзиниот рекорд не беше евидентиран.
Резултати:
Славчо Мирчевски – 1 место скок во далечина
Стефан Стефаноски – 1 место копје, 3 место диск
Мартина Мироска – 1 место скок во далечина
Јулијана Вељаноска – 1 место ѓуле, 1 место копје, 2 место диск
Ѓоко Јандриески – 2 место 400 метри
Даниела Митреска – 2 место копје
Екатерина Кукоска – 2 место 800 метри
Марија Јованоска – 3 место 400 метри
Сара Цветонска – 3 место скок во далечина, 3 место диск
Климент Лазаревски – 3 место копје
Медотија Велков – 3 место ѓуле
Валентина Наумоска – 3 место ѓуле
OhridNews