Сите лица кои сакаат своето слободно време да го искористат за дружење и запознавање на македонските и охридските обележја и народни традиции, можат да се зачленат во ова ново формирана фолклорна група, која своите вежби ги реализира секој петок од 19 и 30 часот, во просториите на средното општинско училиште ЕМУЦ СВ НАУМ ОХРИДСКИ, информираат од „Филиграни“.
Ансамблот ФОЛКЛОР во својот состав, покрај овие играорни групи, ги опфаќа и Музичката инструментална група, Инструменталната група на народни инструменти и Пејачката група, кои веќе реализираа неколку успешни гостувања во странство.