Регионалното Зружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонија, за општините од западниот регион, со седиште во Охрид, веријатно, во пресрет на Денот на жената, 8-ми Март, организираше средба на ветеранките. Средбата беше искористена и како можност за работен договор, во пресрет на традиционалната манифестација „Езерска средба – 2019“, која, годинава, покрај во Охрид, со дел од активностите, ќе сеодржи и во крајезерскиот албански град Поградец.

Претседателот на Здружението, полковник Добре Вељаноски, информираше дека и годинава, во рамките на општата соработка со невладиниот сектор, особено за проекти кои ја интензивираат прекуграничната соработка и отвораат можност за заеднички настап со проекти пред европските фондови, покровител ќе биде градоначалникот на општина Охрид, Константин Ѓорѓиевски.

– Оваа година, средбата ќе има два дела. Првиот во Охрид, на 30-ти март, а вториот во Поградец, Албанија, на 18-ти мај. Покрај, претставниците на Здружението на ветерани од одбраната и безбедноста на Република Македонија, на националните здруженија на ветераните од Бугарија и Албанија, годинава ќе бидат поканети и ветераните од Грција. – потенцираше Вељаноски.

Полковник Вељаноски, од своја страна, ја нагласи определбата, овој настан да се искористи како повод, да прерасне во трајна форма на поврзување, соработка и разбирање на народите од соседните пријателски земји. Од тие причини, годинава, вториот дел од средабата ќе биде во Поградец, градот чија локална самоуправа и досега беше вклучена во поддршката на соработката на на ветераните од одбраната и безбедноста на двете земји.

OhridNews