Ветераните од клубовите Охридски бранови од Охрид и Вардар од Скопје со хуманитерен натпревар во ватерполо на градскиот базен ја вратија магијата на еден од најтешките спортови во вода.
Хуманитарниот настан на кој можеше да се даруваат финансиски средства за настраданите подрачја во Скопје од поплавите помина во пријатна атмосфера со многу мерак за дружење и игра.
Во дербито Вардар го совлада Охрид со 11-5, а епитот најдобар стрелец во составот на Охридски Бранови беше Горан „Вујна“ Савин.
Во минатото, деновите кога имало ватерполо мечеви биле празник во градот, а проследувани биле од илјадници вљубеници во спортовите на вода.
OhridNews