На кандаски ветеран од Втората светска војна му било врачено писмо пратено пред 67 години.
Рон Бил, кој денес има 88 години, бил помеѓу учесниците на нападот на францускиот брег на 19 јуни 1942 година, кој се претворил во катастрофа за канадската армија. Бил се нашол помеѓу 2.000 Канаѓани кои тогаш биле заробени.
Загрижена за неговата судбина, тетката на Бил која живеела во Англија, три дена подоцна му напишала писмо кое се изгубило. Писмото пред неколку недели, неотворено, се нашло на аукција на eBay.
Писмото го купил еден пријател на Бил, исто така воен ветеран, кој веднаш го препознал името на својот воен другар.