Како што дознаваме инцидентот се случил триесеттина минути по полноќ. Странски државјанин, американец, и уште едно лице по посетата на повеќе угостителски локали во чаршијата пеш се враќале кон хотелот „Милениум“ каде тој бил сместен.
Странецот , според извори од МВР, бил во поднапиена состојба кога кај „Комерцијална банка“ му пристапиле припадници на посебната полициска единица АЛФИ. Алфите се легитимирале по што истото било побарано од американецот, кој во тој момент како што ни беше кажано станал агресивен и сакал да се тепа.
Алфите употребувајќи сила го совладале . Тој бил приведен во полициската станица во Охрид, а подоцна откако по изречената прекршочна мерка платил 300 евра бил пуштен на слобода. Неофицијално се дознава дека американецот бил воен ветеран кој како припадник на НАТО силите учествувал во војната во Ирак. Поради девијантното однесување “натовецот“е протеран од земјава и му е изречена забрана за влез во Македонија.