Момче во 20-тите години се обидувало да го поправи покривот од куќата во Кина, но силен налет на ветер буквално го подигнал од подигнал од покривот и го фрлил на блиското дрво.
„Не знам каде ќе завршев да не беше дрвото“ – рекло момчето.
Тој извесно време висел на 14 метри висина држејќи се само со рацете за гранка и очајнички барал помош.
„Бев престрашен“ – додало момчето.
Минувачите повикале пожарникари кои стигнале за неколку минути и спојувајќи ги скалите го спуштиле на земја.