Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините и во местата над околу 500 м.н.в со врнежи од снег.

Претпладнево повеќе врнежи ќе има во западните делови, а попладне ќе се задржат главно на југот од земјава. Ќе биде и ветровито со силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час

Максималната температура во Охридскиот регион ќе се движи од 2 до 4 степени Целзиусови.

Во текот на утрешниот ден ќе преовладува сончево, до умерено време. Ќе дува умерен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата а максималната дневна во Охрид ќе достигне до 7 степени.

OhridNews