Себастијан Ветел, возачот на Торо Росо триумифраше на трката за ГН на Италија, остварувајќи ја првата победа во кариерата.

Ветел е најмладиот возач кој успеал да триумфира на една Ф1 трка. За Торо Росо ова беше првиот тримуф воопшто.

Втор на подиуимот заврши Хејки Ковалаинен од Мекларен Мерцедес, додека трет заврши Роберт Кубица од БМВ.

Себастијан Ветел моментално е најмладиот возач кој освоил бод во кариерата, најмлад кој стигнал до пол позиција , а сега со 21 година и 72 дена е најмладиот побендик на една трка.