Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Расел Вестбрук, се искачи на 11. место по број на асистенции во НБА-лигата. Вестбрук утрово во триумфот на Лејкерс над Вашингтон со 122:109 забележа девет асистенции.
Сега на контотот на Вестрбук има вкупно 8.529 додавања по кои соиграчите постигнале кош. Вестбрук го мина Андре Милер (8.524).
На вечната листа најдобри асистенти во НБА лидер е Џон Стоктон со 15.806 асистенции, пред Џејсон Кид со 12.091 и Крис Пол со 10.894. Прв најблиску до Вестбрук е 10-пласираниот Гери Пејтон со 8.966 асистенции.
OhridNews