Тимот на Лидс каде настапува македонскиот репрезентативец Езџан Алијоски на домашен терен претрпе пораз, откако изгуби со 2-1 од составот на Вест Хем.
Лид добро го отвори мечот и поведе, но Вест Хем со решителна игра до финишот на првиот дел изедначи, а до крајот на мечот успеа со пресврт да ги освои трите бодови. Алијоски кој го започна натпревар играше само едно полувреме.
Серија А: Сасуоло со еден погодок ги обезбеди трите бодови на дуелот со Беневенто
Екипата на Сасуоло со минимален триумф 1-0 над Беневенто ги отвори мечевите во 11-та рунда од италијанската Серија А. Сасуоло погодок за победа го постигна во 8-та минута од мечот. Стрелец беше Берарди од пенал. Домаќините речиси цело второ полувреме играа со фудбалер помалку, но гостите не успеаја да постигнат гол и да изедначат. Со новите три бодови, составот на Сасуоло се искачи на втората позиција во „калчо“ лигата.
Бундес лига: Волфсбург – Ајнтрахт Франкфурт 2-1
Примера: Ваљадолид – Осасуна 3-2
OhridNews