Австрскиот репрезентативец со српско потекло Марко Арнаутовиќ од Вест Хем ќе се пресели во истокот односно во кинескиот тим Шангај.
Како што информира „Скај спорт“, трансферот на Арнаутовиќ вкупно ќе изнесува 25 милиони евра. „Чеканите“ приморани беа да го продадат репрезентативецот на Австрија, кој неколку пати јавно истакна не е задоволен од престојот во Англија.
Клубот од Лондон зимата одби богата понуда за Арнаутовиќ и потпиша нов договор со фудбалерот, но тој очигледно не ги променал плановите и после шест месеци реализираше.
Арнаутовиќ во тимот на Шангај ќе биде соиграч со бразилските интернационалци Хулк и Оскар кои исто така заминаа во Кина од фудбалска Европа.
OhridNews