Првиот противник на Охрид во пролетната полусезона од Супер лигата, Тинекс Пролет со унгарскиот првак Веспрем ќе ја одигра генералката.
Ова нема да биде прв дуел на овие две екипи бидејќи минатата година во салата од скопскиот клуб одиграа пријателски меч, а со овој само ја продлабочуваат соработката.
Мечот со унгарците треба да биде мотив повеќе и за охриѓани кои во четирите преостанати натпревари од Супер лигата немаат право на грешка.
Возбудувањата во Супер лигата продолжуваат на 7-8 март, а „гладијаторите“ почнуваат во гости против Тинекс Пролет.
Скопските ракометари во првиот дуел во „Билјанини Извори“ ги освоија бодовите со погодок во последната секунда, а мечот во Скопје е одлучувачки за двете екипи.
Ohridnews