Унгарскиот Веспрем во чест на својот трагично загинат ракометар Марјан Козма ќе го повлече неговиот дрес. Унгарскиот клуб објавил дека неговиот дрес со број осум повеќе нема да може да го носи ниту еден играч, а во план е и еден меч во чест на Козма.
Несреќниот Романец роден пред 27 години во Букурешт, во своето родно место ќе биде погребан во петок.
Козма во дресот на унгарскиот Веспрем одигра 228 меча и постигна 72 гола.