Унгарскиот ракометен првак Веспрем со 33-21 го совлада македонскиот Металург во редовното коло од регионалната ракомена СЕХА лига.
Уште во првиот дел ракометарите на Весрпрем ги разрешија дилемите околу победникот откако го добија со високи осум разлика (18-10).
Во вториот „металурзите“ не успеаја да се доближат и претрпеа висок пораз од 12 погодоци разлика.
Претходно унгарците пред своите гледачи лесно и убедливо го совладаа вториот македонски тим во СЕХА лигата Вардар.
Мх.П.