Регионалната СЕХА лига се соочи со неочекувани проблем непосредно пред стартот на новата сезона. Имено, екипите на Веспрем и Мешков Брест најави повлекување или останува со одредени бенифиции.
Веспрем и Мешков Брест сакаат да се повлечат поради големите рестрикции кои важат речиси во сите земји каде се играа СЕХА лигата. Ако останат, двете екипи бараат да играат директно во 1/4 финалето.
СЕХА лигата експресно реагираше и двете групи ги направи со по четири екипи. Ќе се игра двокружно, а дополнително ќе се одлучи како и што понатаму со Веспрем и Мешков Брест.
Во Групата А, составот на Вардар се наоѓа со Мотор Запорожје, Нексе Нашице и Војводина, додека Еурофарм Пелистер ќе се сретне со Татран Прешов, Загреб и Металопластика.
OhridNews