Екипата на Веспрем е нов шампион во регионалната СЕХА лига. Унгарскиот состав во големото финале од завршниот турнир во Задар, Хрватска го совладаа Вардар со високи 35-27, полувреме (16-13).
Вардар во финалниот натпревар не беше достоен ривал и Веспрем сосема залужено славеше и се искачи на тронот во СЕХА лигата.
„Црвено црните“ мечот го започнаа со седум на шест во напад кој не функцинираше најдобро, а на спротивната страна Веспрем се одлепи на 0-3. Разликата иако варираше остана иста до крајот на првото полувреме и унгарците на одмор заминаа со 16-13.
Веспрем отпорот на Вардар го скрши во второто полувреме. Избраниците на Дејвид Дејвис едноставно летаа по теренот, а „вардарци“ немаа сила и квалитет да го пратат ритамот. Разликата стигна до плус пет, а брзо дојде и до највисоки осум погодоци. Веспрем во мирен финиш го спроведе натпреварот и го освои трофејот.
Во тимот на Вардар најпрецизен беше Калараш со шест голови, Валчак реализираше четири. Кај новиот првак Ненадиќ постигна пет голови, а играч на мечот беше голманот Коралес кој имаше 14 успешни интервенции.
OhridNews