Американскиот актер Весли Снајпс е пуштен од затвор по отслужувањето на поголемиот дел од казната поради затајување на данок. Како што пренеле американските медиуми, актерот бил испратен на отслужување на затворска казна во 2010 година во пенсилванија.

Ѕвездата на вампирската триологија „Блејд“ ќе биде во домашен притвор наредните четири месеци до полното истекување на тригодишната казна, на која бил осуден во април 2008 поради милионски долг кон даночните служби. Сеуште не е познато каде актерот ќе биде во домашен притвор. Во моментот на изрекувањето на пресудата живеел во предградие на Орландо на Флорида.