Адвокатите на Весли Снајпс во жалбата помеѓу останатото, тврделе дека затворската казна за актерот од три години е неразумна. Судот ја одбил жалбата и ја потврдил пресудата од 2008 година, според која актерот ќе мора да оди во затвор поради неплаќање на даноци. Сеуште не е познато кога ќе започне со отслужување на казната.


Поддршка на колегата му пружиле многу холивудски звезди. Дензел Вашингтон м напишал писмо на судијата во кое молел за откажување на затворската казна, а Вуди Харлесон сведочел за карактерот на Снајпс.