Рекордот во веслање преку Атлантикот во саботата го соборил четиричлен тим со веслачи од Велика Британија, Ирска и Фарските острови. На пат тргнале од Њу Јорк на 17 јуни, а на британскиот остров Сицили стигнале по 43 дена, 21 час, 36 минути и 48 секунди.


Рибарите од Норвешка во 1896 година истата релација ја поминале за 11 дена подолго. Во еден ден веслале по 190 километри. Нивниот чамец бил долг седум метри, а се бореле со бранови високи и до десет метри, како и со ветер кој достигнувал брзина до 65 километри на час.