На државното првенство во веслање, што деновиве се одржа на Дебарското Езеро во Дебар, веслачите на ВК „Југ“ Охрид освоија 10 први места од 13 одржани трки и станаа државни прваци во веслање за 2014 година.
Освојувачи на првите места од ВК „ЈУГ“ Охрид беа:
– Климент Трајчески во скиф за пионери.
– Ристо Малезан Радиќески во скиф за кадети.
– Анастазија Паскали и Исабела Димовска во дубалскул за јуниорки.
– Никола Петрески во скиф за јуниори.
– Ана Димоска во скиф за пионерки.
– Климент Трајчески и Никола Аџиоски во дубалскул за пионери.
– Исабела Димовска во скиф за јуниорки.
– Александра Ивановска во скиф за сениорки.
– Михаил Тасевски и Никола Петрески во дубалскул за јуниори.
– Анастазија Паскали во скиф за кадетки.
OhridNews