Властите во Свазиленд усвоиле закон за авијација кој мораат да го почитуваат и вештерките на метли, пренеле британските медиуми. Законот пропишувал казна од околу 40 илјади евра за вештерките кои на метли би летале на висина поголема од 150 метри. Според зборовите на директорот на агенцијата за цивилно воздухопловство, Сабел Дламинија, метлите спаѓаат во транспортно средство потешко од воздухот.

Според овој закон таа граница не смеат да ја преминат ниту играчките како што се змејови или летала на далечниско управување. Законот бил донесен откако еден приватен детектив бил фатен со играчка хеликоптер опремена со камера. Иако не е познато дали директорот се шегувал, во Свазиленд вештерките се сваќаат сериозно и многу лица веруваат во моќта на црната магија. Голем број албино дева минатоте години во оваа земја биле жртвувани во ритуални обреди.