Од неодамна во спортската сала “Билјанини Извори” поставена е вештачка карпа наменета за алпинистите.
Карпата е изградена според сите стандарди што важат во алпинизмот насекаде во светот. Инструктори за користење на вештачката карпа се искусни алпинисти од Охрид, кои поминале многу планински врвови во земјава и во странство, а имаат посетувано и многу курсеви во Македонија и надвор од неа.
На карпата,под будното око на инструкторите можат да се качуваат полнолетни лица, како и малолетни лица со исклучива согласност на нивните родители. Клубот “Патагонија” веќе отпочна со запишувањето на членови кои сакаат да се занимаваат со алпинизам или со спортско качување.
Заинтересираните може да се пријавуваат во понеделник во периодот од 17 до 19 часот и 30 минути, вторник од 18 до 21 часот и во четврток од 18 до 21 часот во Малата арена која се наоѓа во рамки на Спортскиот центар.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com