Ракометниот клуб Пелистер доведе ново вкупно петто засилување во екипата откако потпиша едногодишна соработка со Константин Вешоски.


Стружанецот кој настапуваше и за охридскиот суперлигаш во Битола се пресели од француската трета лига каде минатата сезона ја помина.

Десниот бек ќе биде нов соиграч на Кирил Колев и Иван Тасески кои од Охрид се преселија во битолски Пелистер.


Со доведувањето на искусниот Вешоски, а претходно Лазоровски и Везенкоски „зелено белите“ ќе атакуваат на високите места на табелата во Супер лигата.

Исто така голем акцент битолскиот клуб ќе стави на учеството во ЕХФ купот каде ќе го преставуваат македонскиот ракомет заедно со Прилеп.

OhridNews