Охридскиот ракометен состав на добар пат е да остане без бековскиот двоец Константин Вешоски и Валентин Белевски кои се на радарот од битолски Пелистер.


„Зелено белите“ ги консолидираат редовите откако клубот го презеде Општината под своја капа. Битолчани ги промовираа структурите на клубот и тренерите, а сега на ред се играчите кои ќе го понесат товарот следната сезона.

Двоецот веќе има остварено некои контакти со управата на Пелистер и се очекува за брзо да има офијален епилог. Десниот бек Вешоски токму од Битола го засили охридскиот тим додека Белевски боите на Охрид ги брани од самото влегување во Супер лигата.

Охридскиот клуб не ги продолжи договорите со бековите Бојан Белевски и Борче Соколов, а ако струшкиот двоец потпише договор со Пелистер тоа ќе значи дека од минатата сезона четири играчи ќе нема Охрид на располагање за оваа која доаѓа.

Со сигурност во дресот на „гладијаторите“ во новата сезона ќе ги гледаме Кирил Колев, Мите Караиванов, Иван Тасески, Крсте Андоновски, Горан Печенковски и Крсте Костески кои го продолжија договорот.

Ohridnews