Викендов во Охрид стартуваше детскиот едукативен караван “Весела училница со Маша и Медо”. Мултимедијалниот проект, во режија на Игор Ивковиќ, кој има за цел преку омилените детски ликови да го искорени втемелениот страв кај дечињата од одењето на училиште, најмладите охриѓани имаа можност да го проследат во Центарот за култура „ Григор Прличев”.
Големиот интерес од страна на публиката и позитивните реакции го потврдија успешниот старт на караванот.
Екипата на “Весела училница” во текот на месецот ќе ги посети и останатите градови од земјата.
OhridNews