По иницијатива и идеја на Советот на родители при ООУ “Григор Прличев” Охрид, а во соработка со училиштето и годинава извршено е заедничко декорирање и украсување на училишната зграда која блесна во празничен сјај.
Почетокот на Новогодишна приказна го започнавме креативно, традиционално и со многу насмевки и среќа. Преку волшебното стапче и овој пат Советот на родители во соработка и поддршка со училиштето ја испраќаат најмоќната порака за поубава, поуспешна, посреќна и повесела Нова година. Декорирањето и украсувањето на училишните згради преминува во блескава традиција која родителите на Прличевци ја применуваат веќе трета година, како пример за Охрид и пошироко, велат од училиштето.
Магичната приказна која изгледа бајковито годинава е насловена Весела новогодишна искра.
Оригинални и посветени, сè за своите деца и нивното радување, како подарок за нашите Прличеви вредни ученици. Блескави елки во сите големини… украсени со шарени ракотворби, сијалички насекаде трепкаат, ирваси и Снешковци танцуваат, подароци се пакуваат, балони и ѕвезди светкаат, Дедо Мраз сите го чекаат, за радост насекаде да има… Искра нека трепка, бидејќи среќата доаѓа за сите Прличевци, додаваат од училиштето.
OhridNews